Пастелни перики, образи со светки - трендови за убавина кои ја преплавија Коачела
Првиот викенд од големиот музички фестивал Коачела кој се одржува во Калифорнија заврши, па во очекување на вториот хепенинг наредниов викенд, време е да ги погледнеме бјути трендовите кои доминираа на настанот.
Фестивалот кој очекувани носи хипи вибрации донесе шаренило и измешани трендови, а светките и блескавите декорации за лице испливаа на површината пред сè останато.
Можеби ќе ги препознаете малите виткани пунџички кои во младоста ги нарекувавме „сарми“ покрај тродимензионалните шноли-пеперутки во косите на посетителите.
Дали ние сме биле прилично напредни или модата е едноставно круг, проценете самите. Ова се бјути трендовите кои најмногу се истакнаа на Коачела:
Блескави камчиња на лицето
Мали растурени пунџи
Светкави самолепливи декорации над веѓите
Плетенки на една страна
Светки под очите
Светкав хајлајтер
Римел и ајлајнер во смели бои
Перики во пастелни нијанси
Монохроматски вибрации
Црн кармин
Извиткани мали пунџи
Светкави веѓи
(О)Милена | Црнобело