Совети за оние кои се плашат да нанесат црвен кармин
Црвен кармин-едно од најсилните оружја во женскиот арсенал.
Следниве неколку совети ќе ви помогнат да го изберете најдобриот кармин за вас.
Прво и најважно правило - не постои девојка на која не и прилега црвен кармин. Потребно е само да се најде совршената нијанса.
Девојките со светла боја на кожа би требало да изберат овошни нијанси на црвено (боровинки, малини). Сепак и светло црвениот кармин може да биде од корист за да се нагласи достоинството.
Девојките со природна боја на кожа би можеле да бираат помеѓу светло црвени нијанси, како и боја на домат или корали.
На девојките со темна боја на кожа им прилегаат кармини со боја на цреша, вино и темно црвени нијанси.
Црвенокосите девојки со свтол тен би можеле да носат црвено-розова боја на кармин.
7 едноставни чекори кои ќе ви помогнат совршено да го нанесете карминот:
1. Нанесете балсам за усни и оставете нека се впие. Уште подобро би било кога би го користеле редовно особено во текот на ноќта.
2. Со нежна масажа со четка за заби отстранете ја сувата кожа. Периодично може да направите лесен пилинг дури и со обичен шеќер.
3. За исцртување на контурите започнете од горната усна, а потоа спојте ги останатите делови со линија.
4. Дефинирајте ги контурите со молив со линија по природната должина на усните.
5. Ако обликот на усните не биде доволно мазен направете корекција со тоа што ќе нанесете мала количина која нежно ќе ја втриете со прстите.
6. Не заборавајте да обрнете внимание на аглите од усните. Доколку не сакате карминот да биде премногу сјаен, нанесете кармин наменет за денска употреба.
7. Доколку сакате да го намалите сјајот на карминот искористете го следниов трик. Нежно притиснете ги усните со салфетка за да се отстрани сјајот. Доколку е потребно повторете ја постапката.
М. С. | Црнобело