Шминкање за почетници, за сите кои се невешти со тушот за очи

Колку пати сте се откажале од мачкините очи, само затоа што линиите излегле криви, дебели и нееднакви?

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-1.jpg

Понекогаш, тешко е да се нацрта права линија на очниот капак, а не пак магично да се создадат две еднакво закосени линии.

За да се усовршите доколку сте невешти на ова поле, ви нудиме мала помош.

Сè што треба да знаете за нанесувањето туш на очи:

1. Одберете опција - моливче, гел или течен туш

Моливчето е лесно за нанесување, но подеднакво лесно и се размачкува. Треба многу да го пазите.

Гел моливчињата се матирани и лесно се нанесуваат. Предноста е што не се размачкуваат лесно.

Течните тушеви за очи се одлични заради прецизноста и обично се во форма на туба со четка или како пенкалце. Брзо се сушат по нанесувањето и тоа е уште една предност.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-2.jpg

2. Постои причина зошто има тушеви за очи во разни бои:

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-3.jpg

3. Пред да нацртате цела линија, помогнете си со точки и цртички во правецот во кој сакате да се движите.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-4.jpg

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-5.jpg

4. Или цртајте контури, па само пополнувајте ги.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-6.jpg

5. Кога нешто ќе промашите, не ја здебелувајте линијата со тушот за да ја покриете грешката, туку пребришете со малку вазелин и стапче за уши.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-7.jpg

6. Корекциите се возможни и со пудра или сенка во прав која добро покрива.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-8.jpg

7. За 2 во 1 ефект - исцртани очи и извиткани трепки, користете го овој трик:

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-9.jpg

8. Лажицата е одлично помошно средство за мачкини очи:

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-10.jpg

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-11.jpg

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-12.jpg

9. Ако имате спуштени капаци, нацртајте подебели линии, кои ќе бидат покриени токму до таму до каде што треба:

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-13.jpg

10. Ако користите креон или моливче, ставете го 10 минути во замрзнувач пред да го користите за да не се рони.

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-14.jpg

11. Прва помош е и селотејпот:

sminkanje-za-pocetnici-za-site-koi-se-nevesti-so-tusot-za-oci-15.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg