6 места на кои не ви текнало да ставите дезодоранс, а треба

Повеќето дезодорансот го користат за една намена, без да размислат дали и други секојдневни проблеми може да се решат со него.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-001.jpg

6 места на кои од денес треба да нанесувате дезодоранс, секако, ако имате потреба:

1. Под градите

Жените со бујно деколте ја знаат маката, посебно кога е топло. Затоа, еве еден трик како да го спречите потењето под градите - едноставно нанесете дезодоранс, стик или ролон.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-1.jpg

2. На косата

Доколку коренот ви е масен, а немате време за миење на косата во моментот, импровизирајте - нанесете мала количина на стик-антиперспирант. Тој ќе ги впие вишокот маснотии.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-2.jpg

3. На стапалата

Одличен начин како да се справите со непријатните мириси и потењето во чевлите. Нанесете антиперспирант во било која форма на внатрешноста од стапалото, па потоа облечете чевли.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-3.jpg

4. На колковите и нозете

Доколку сакате да носите тесни фармерки кои тешко се облекуваат, намачкајте или напрскајте ги колковите и нозете. Ќе видите дека процесот на облекување ќе биде полесен.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-4.jpg

5. На каснатините од инсекти

Повеќето антиперспиранти содржат соли на алуминиум кои ја намалуваат чешавицата инстантно. Затоа, само напрскајте малку дезодоранс на каснатините кои чешаат.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-5.jpg

6. На местата каде новите чевли ве притискаат

Без оглед дали тоа е малото прсте или делот над петата, само нанесете тенок слој антиперспирант пред да ги облечете новите чевли. Така ќе го спречите триењето и дополнителното иритирање на местото.

6-mesta-na-koi-ne-vi-teknalo-da-stavite-dezodorans-a-treba-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
4 работи што најмногу ја оштетуваат косата (и како да ја вратите во нормала) Ако косата ви е искината од многу затегнати фризури или грубо чешлање, можете да...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg