Кармин од 60.000$ и уште 4 безобразно скапи козметички производи

Полици и полици исполнети со козметички производи постојано ни го мамат погледот и нé прелажуваат да го испразниме паричникот до последното денарче. Сепак, откако ќе ја видите цената на овие 5 производи, можеби ќе почувствувате помала грижа на совест откако ја купивте онаа поскапа пудра за лице.

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-01.jpg

Во свет во кој владее толку многу сиромаштија и глад сметаме дека цената на овие производи е целосно неопавдана и бесмислена. Но, штом се произведуваат очигледно некој ги купува.

А тие имаат да потрошат дури 60.000 долари на кармин за усни! Кои се останатите најскапи козметички производи на пазарот?

KissKiss кармин на Guerlain

Guerlain е еден од најстарите козметички брендови во светот. Познатиот француски бренд е познат по многубројните иновации кога станува збор за препаративната и декоративната козметика. Пакувањето на овој кармин кој го нарекоа KissKiss е изработен од злато и дијаманти.

Точната цена на карминот изнесува 62.000 долари и се прашуваме што се случува доколку сопственикот си го изгуби карминот?

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-02.jpg

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-03.jpg

Сет за нега на лице Orchidée Impériale на Guerlain

Уште еден производ од престижната француска компанија. Во превод името на производот означува царска орхидеја, многу редок цвет кој длабински ја регенерира кожата. Компанијата е позната по тоа што го користи овој цвет повеќе од 12 години.

Сетот за нега на лице се состои од неколку производи кои ветуваат дека целосно ќе ја регенерираат кожата за само 4 недели со редовно користење. Цената на комплетот изнесува безмалку 2.000 долари.

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-04.jpg

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-05.jpg

Gold and Diamond вештачки трепки за очи

Очигледно е дека златото и дијамантите се употребуваат во многу козметички производи и ја подигнуваат цената на истите.

Брендот Kre At Beauty во 2009 година лансираше два типа на вештачки трепки – златни и дијаманстки, бидејќи секоја жена треба да се почувствува убаво и привлечно. Убавината доаѓа по цена од 1.350 долари.

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-06.jpg

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-07.jpg

Златен лак за нокти

Кога велиме златен лак не мислиме само на бојата на лакот. Компанијата Model Own основана во 2008 година произведува висококвалитетни лакови за нокти достапни за сечиј џеб. Цената на овие лакови за широка употреба изнесува 8 долари.

Сепак, некој донел одлука дека е потребна доза гламур, па решил да се направи лак од чисто злато, чие шишенце ќе биде украсено со мали дијаманти. Цената на еден ваков лак изнесува 130.000 долари. Навистина драстична разлика од шишенцето кое чини 8 долари.

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-08.jpg

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-09.jpg

Серум за лице Orogold 24K Nano Night Recovery 

Овој ноќен серум или како што го нарекуваат уште – еликсир има 24-каратно злато во својот состав и есенцијални масла кои ветуваат неверојатна кожа. Специјалната технологија и компоненти против стареење ветуваат дека доволна е екстремно мала количина производ за постегната, посјајна и младешка кожа на лицето.

Продуктот чини 1.500 долари, а во шишенцето има производ само за една недела.

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-10.jpg

Karmin-od-60-iljadi-dolari-i-ostanatite-4-najskapi-kozmeticki-produkti-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg