Јасмин за авантура, ванила за класика: Која мирисна нота најмногу ви одговара на карактерот?
Сакате да експериментирате, љубителки сте на модата, или, пак, романтична душа? Вашиот сензибилитет е особено важен при изборот на совршениот парфем.
Сигурно барем еднаш сте дошле дома со насмевка од уво до уво, убедени дека (конечно) сте го пронашле совршениот парфем за себе, за да веќе по првото нанесување, сепак сфатите дека воопшто не прилега на вашата личност.
Парфемот се бира според карактерот, а во продолжение, ви откриваме кои се идеалните мирисни ноти за дами со различни вкусови и ставови кон животот:
Авантуристки
Доколку сте личност со отворен дух, снаодливи и секогаш спремни за авантура, тогаш веројатно во парфимеријата доаѓате со јасна визија за тоа кој е мирисот што совршено ви одговара. Со сигурност, тоа се ориенталните и интензивни мириси, кои во себе содржат мирисна нота на цитрус или цвеќе, како што е јасминот. Тотално секси!
Спортски тип
Баш како и претходната група, спортските типови се вљубенички во природата, па при изборот на парфемот, свежината им е на прво место. Цитрусните ноти, како што цветот од портокал или лимон ќе бидат полн погодок за нив.
Класични дами
Ако не сте склони кон експериментирање, туку повеќе уживате во проверените нешта, тогаш за вас се нежните парфеми кои во себе содржат слатка нота. Испробајте ги оние со мирис на ванила.
Љубителки на модата
Вам не ви недостасува храброст, па често експериментирате, како во менувањето стилови, така и во испробувањето различни парфеми. Најдобро ви прилегаат егзотични и раскошни мириси, кои ќе се чувствуваат во просторијата уште долго по вашето заминување.
Минималистки
Би се опишале себеси како едноставни, шармантни и практични? За вас, вистински избор се мирисите кои се подеднакво такви – едноставни, нежни и романтични. Совршениот парфем ќе го пронајдете меѓу оние со овошна или цветна нота.
М. А. | Црнобело