5 работи кои секоја жена и девојка треба да ги има во несесерот за шминка
Без разлика дали сте обожавател на силната „Инстаграм“ шминка или преферирате природно и не толку нагласено лице со декоративна козметика, овие 5 производи секогаш треба да ги имате во својот несесер.
Вистината е дека минимално нашминканото лице придонесува за поголема самодоверба, а и заштитниот фактор во лесните пудри не е на одмет.
Ќе се подготвите за само неколку минути, а лицето ќе ви изгледа одморено и свежо со помош на:
Лесна пудра или тониран ББ крем
BB (beauty balm или blemish balm) во превод означува „балзам за неправилности“ Откриен е сосема случајно во Германија за пациентите кои биле подложени на ласерски третман со цел да се коригира црвенилото.
Покривната моќ е доволна да се „маскираат“ акните и црвенилото, а структурата е лесна и ѝ овозможува на кожата да дише, слично како и лесните пудри со средна покривност и хидратантна моќ. Без разлика дали ќе се одлучите за полесна пудра или ББ крем, внимавајте да имаат минимум SPF 15 заштитен фактор, поради опасните сончеви зраци.
Коректор со сопствена четка
Заборавете на коректорите во теглички, пакувања како сенки или стикови за кои ви е потребна специјална четка или бјути блендер. Едноставно одберете лесна и брза варијанта – добар коректор со сопствена мека четка.
Затоа што нема ништо полошо од темни подочници. Откако ќе ги прекриете вашето лице ќе добие сосема поинаков изглед.
Бронзер кој воедно е хајлајтер
Ако ги следите правилата, по контурирањето треба да нанесете сосема малку бронзер, сосема малку руменило и сосема малку хајлајтер на врвот на јаболчниците, без да изгледа како кловн. Техниката бара време, внимание и многу талент, а жените се секогаш во брзање.
Па, заштедете време и одберете нијанса бронзер со топла нијанса и пастелен подтон (светло розов или беж) која одлично се вклопува во нагласување на образите.
Мат кармини
Доаѓаат во секакви бои, брзо се сушат, долготрајни се и отпорни на јадење, пијалаци и бакнежи. Едноставно не постои подобра варијанта за усните.
Економични се, ќе ги користите многу долго, само внимавајте да ги заштитите усните од дехидрираност со нанесување малку лабело пред да го нанесете мат карминот.
Веѓите се новите трепки
Задебелените природни веѓи се одамна во мода. Одберете моливче за веѓи во природна нијанса за пополнување и исцртување на веѓите и нека бојата не отскокнува премногу од вашиот тен или бојата на косата.
Друга солидна варијанта е гелот за веѓи, со четка слична како онаа за нанесување маскара. Освен што ги обликувате и „боите“ веѓите, тие истовремено се „сушат“ и не мрднуваат во текот на целиот ден.
(O)Милена | Црнобело