4 правила со кои темната шминка нема да изгледа страшно

Темните зачадени очи се еден вечно модерен тренд и изглед кој очигледно ќе потрае. Жените одбираат да ги затемнат очите обично за вечерните излегувања и за свечените настани.

4-pravila-so-koi-temnata-sminka-nema-da-izgleda-strasno-01.jpg

Но, неретко се случува откако ќе се погледнат во огледалото, да сфатат дека изгледаат страшно.

Ако ги следите следниве 4 правила, тоа никогаш повеќе нема да се повтори:

1. Боја на сенка според боја на очи

Ако имате зелени или сиви очи, бирајте црна боја и темни нијанси на кафеава. Зелените очи изгледаат одлично со темно кафеава сенка, но исто така може да експериментирате и со темно сина и виолетова боја. На кафеави очи стојат темно кафеави тонови и секако, црна.

4-pravila-so-koi-temnata-sminka-nema-da-izgleda-strasno-02.jpg

2. Големина на очи

Темните нијанси им даваат длабочина наочите, но визуелно ги смалуваат. Па, ако имате ситни очи, најдобро е темната сенка да ја мешате со беж нијанси или некои посветли пастелни сенки.

4-pravila-so-koi-temnata-sminka-nema-da-izgleda-strasno-03.jpg

3. Карминот е клучен

Без оглед на тоа дали се шминкате за дневна или ноќна пригода, не ставајте темен кармин, колку и да мислите дека идеално ги дополнува зачадените очи. Користете светли кармини. За да го омекнете и ублажите изгледот, секогаш може да комбинирате беж кармин, златести нијанси или нијанса на шампањ.

4-pravila-so-koi-temnata-sminka-nema-da-izgleda-strasno-04.jpg

4. Боја на кожа

Ако имате бела, светла кожа, внимателно со темните бои. За да избегнете страшен изглед, комбинирајте светли и темни сенки, не нанесувајте само црни нијанси во големи количини. Ако имате нешто потемен тен, темните чоколадни нијанси ќе создадат одличен контраст. Секако, не заборавајте да ги осветлите внатрешните агли на очите и делот под веѓите.

4-pravila-so-koi-temnata-sminka-nema-da-izgleda-strasno-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg