9 трикови со кои нема да мора да ја миете косата секој ден

Премногу честото миење на косата може да во донесе повеќе штета отколку корист, вели доктор Лин Голдберг, директор на клиниката за коса при Бостонскиот медицински центар.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-1.jpg

Секојдневното миење на косата ги поттикнува масните жлезди да лачат што поголема количина на себум во обид да ја задржат кожата хидрирана, па често несвесно влегуваме во еден магичен круг.

Следните 9 трикови ќе ви помогнат да излезете од овој магичен круг и да ја вратите природната убавината на вашата коса:

1. Внимавајте на храната

За да не морате постојано да се борите со масната коса мора од исхраната да ја исфрлите мрсната и пржена храна, шеќерот, белото брашно и кандираните производи.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-02

2. Користете сув шампон

Сувиот шампон е одличен начин да се справите со масната коса без да мора да ја миете.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-03

3. Не ги запоставувајте додатоците

Во многу ситуации тие може да ви бидат од голема корист.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-04

4. Внимавајте на температурата на водата со која ја миете косата

Секогаш мијте ја косата со топла, но не жешка вода. Жешката вода ги поттикнува масните жлезди да работат повеќе и со тоа добивате поголемо лачење себум на скалпот.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-05

5. Сплетете ја косата во плетенка

Нанесете малку бебешка пудра на коренот а остатокот сплете го во плетенка. На овој начин косата ќе биде уредна и воопшто нема да се забележува дека не сте ја измиле дента.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-06

6. Чешлајте ја косата пред да си легнете

Пред да си легнете исчешлајте ја косата или соберете ја во плетенки или опавче. На овој начин следниот ден таа ќе ви биде многу поуредна.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-07

7. Променете го патецот

Трикот во тоа е што со промената на патецот ја менувате насоката на косата. На тој начин добивате повеќе волумен и го сокривате делот каде масната коса доаѓа најмногу до израз.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-08

8. Не ја залижувајте косата

Ако веќе косата ви е мрсна во никој случај не ја залижувајте. Исчешлајте ја убаво кај корените за да добиете волумен а остатокот оставете да биде малку бушав и неуреден.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-09

9. Мијте ги чешлите

Никогаш не заборавајте да ги миете вашите четки за коса. Наслагите себум, лак, гел, восок или што и да ставате на косата често знаат да направат вашата коса да изгледа масно дури и ако сте ја миеле пред само еден ден.

9-trikovi-so-koi-nema-da-mora-da-ja-miete-kosata-sekoj-den-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg