Пролетни бохо фризури, за девојки со слободен дух
Оваа пролет, покажете го својот игрив темперамент и дочекајте ја сончевата сезона во најдобро светло.
По сè изгледа, цветните венчиња и круни ќе добијат своја достојна замена претстојната пролет. Погодни за романтични прошетки низ градските улици, за опуштени дружби со пријателите, или можеби за некој од фестивалите во текот на сончевата сезона, бохо фризурите ќе бидат вистински хит оваа година.
Плетенките во косата и натаму остануваат во тренд, а можете да ги нагласите со ленти во боја, кои ќе ја освежат вашата пролетна фризура. Уште еден тренд кој ќе изгледа сјајно под сончевите зраци се тетоважите на коса.
Хипи стилот, пак, кој царуваше во 60-тите години на минатиот век, повторно се враќа на голема врата во светот на убавината. Овојпат, тој ќе послужи како инспирација за украсување на фризурата со прстени и шарени нитки.
Во продолжение, ви прикажуваме неколку преубави бохо идеи за стилизирање на вашата коса во пресрет на пролетта. Прегрнете ја својата индивидуалност и бидете забележани!
М. А. | Црнобело