Avon ја претстави линијата Mark која ги инспирира девојките да креираат
За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, да ја истакнат својата личност, да бидат забележани и креативни, компанијата Avon креираше нова линија Mark која е составена од смели и впечатливи мејкап производи. Промоцијата на новата линија ги израдува вистинските љубители на декоративна козметика кои знаат дека шминкањето е уметност.
Mark им дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент за експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници. Благодарение на широкиот спектар високо пигментирани производи за очи, усни, лице и нокти со силни нијанси, девојките имаат неограничени можности да создаваат ремек – дела кои ќе им помогнат да остават впечаток во секоја ситуација.
Најдобар пример за моќен Mark производ инспириран од уметноста е новата маскара Spectralash која овозможува целосна контрола над волуменот на трепките. Поради посебно дизајнираниот апликатор, четкичката може да се намести на три различни густини – за истакнати, поистакнати и најистакнати трепки.
- Avon e компанија која ги мотивира девојките да ја истакнат својата индивидуалност и да бидат свесни за своите неограничени можности. Воедно тоа е приказната зад линијата Mark чии производи им овозможуваат на припадничките на понежниот пол да ја слават својата посебност, да искажат став и да бидат убави и поинакви – посочуваат од компанијата Avon.
Производите од оваа линија веќе се претставени во новата брошура на Avon која може да се најде на веб-страницата avoncosmetics.com.mk
За компанијата Avon
AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот.