10 проблеми кои ќе ги разберат сите русокоси
Во светот едноставно секогаш ќе постои дилемата - дали русокосите или бринетите се попривлечни?
Русокосите девојки отсекогаш привлекувале внимание, дури и без да се трудат околу тоа.
Сепак, воопшто не е едноставно да бидете русокоса.
Ова се проблемите во кои ќе се пронајдат сите девојки кои барем одреден период од животот биле русокоси:
1. Скапо е да си русокоса
За да бидете вистинска русокоса, а не русокоса со црн корен, потребно е да ја фарбате косата минимум еднаш месечно, што секако не е баш евтино.
2. Постигнување на вистинската нијанса
Важно е да ја имате вистинската нијанса, која нема да биде ниту премногу вештачка, ниту пак премногу жолта.
3. Секогаш привлекувате внимание
Благодарение на стереотипите, сигурно барем еднаш сте се нашле во таква ситуација, луѓето да добијат некакво мислење за вас само затоа што сте русокоса.
4. 50 нијанси на русокоса
Особено кога за првпат ќе отидете да се фарбате и ќе ве прашаат каква боја: златна, бела, сивкаста, платинум, со боја на мед.... а вие едноставно одговарате: „Не знам, сакам да бидам русокоса“.
5. Стереотипи
Секако првата работа која не оди заедно со русата коса е интелигенцијата. Па, ако сакате да бидете дел од оваа група на девојки, подгответе се за коментарите и шегите на сметка на вашата интелигенција.
6. „Дали си природна русокоса?“
Ова е прашање кое дефинитивно треба да се забрани со закон. Без оглед каква е првичната боја на коса, секоја девојка може да стане русокоса и да остане таква доколку посветува доволно внимание на себе.
7. Прекари
Подгответе се за прекари од типот: Блонди, Мерилин, Рапунзел...
8. Жолтата боја едноставно не одговара со русата коса
Некои можеби не се согласуваат со ова, но жолтата облека и русата коса се едноставно премногу.
9. Расцветани врвови
Како резултат на постојаното третирање на косата, расцветаните врвови се нешто со кое постојано се соочувате. Редовното кратење е нешто кое е задолжително, со што повторно се враќаме на точката 1, дека е скапо да бидеш русокоса.
10. Несвесно ги навредувате бринетите
Ова е некое непишано правило, дека русокосите секогаш се дружат со русокоси, па ако во друштвото се најде некоја бринета, често може да се случи да се чувствува отфрлено.
М. С. | Црнобело