Италија мириса на љубов и на славење на животот
Италијанската животна филозофија е надалеку позната, а нејзина носечка компонента е ставот дека животот е прекрасен и треба да се слави секој ден. Целиот тој италијански оптимизам е собран во новиот парфем на козметичката компанија Avon, Viva la vita кој сега е достапен и на македонскиот пазар. Тимот трагајќи по производ кој ќе ги собере страста и слободата во едно шишенце, го создадоа парфемот посочувајќи дека целта им била да го донесат мирисот на Италија на граѓаните во над 100 земји каде што компанијата има свои канцеларии.
Но, каков е италијанскиот начин на живот? Прво, тие, како нација, уживаат во малите работи - од вкусните залчиња и топката сладолед до чашата добро вино и семејниот ручек. Благодарение на мирисот Viva la Vita тој позитивен италијански дух може да стане дел од сечие секојдневие вклучувајќи го и вашето. Парфемот e комбинација на топол, цветен и овошен мирис и е идеален подарок за моќните жени полни со самодоверба. Совршен спој на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и на сензуална ванила.
Главниот креатор Хари Фримонт долго трагал по совршениот рецепт кој ќе го стави италијанскиот начин на живот во едно шишенце. Иако патот не бил лесен успеал да го постигне тоа со новиот производ на Avon. Потврда дека може да му се верува на зборот е дека Фримонт е добитник на престижната награда FiFi која се доделува за најдобри креации во сферата на парфемите. Неговиот професионален пат е богат и преполни со успеси и води кон Viva la Vita, неговата последна креација која воедно е круна во досегашната работа.
Парфемот се појави на пазарот во периодот околу 8 март, меѓународниот ден на жената и засега има верзија само за припадничките на понежниот пол. Сакајќи да создадат производ кој ќе биде опојно славење на жените и на сите нивни заложби и труд во тек на годината, Avon го промовираше Viva la Vita. Пораката е дека само еден чекор ве дели од опојниот мирис на љубовта и на славењето на животот. Viva la Vita е достапен на домашниот пазар и сите заинтересирани веќе може да го нарачаат.
Повеќе информации околу парфемот како и за останатите производи на Avon може да најдете на нивната веб-страница www.avoncosmetics.com.mk