10 бои за шминка кои прилегаат на секој тип на жена
Секоја жена влегува во продавница за козметика со прашањето - како да ја одберам идеалната нијанса на пудра/кармин/сенка/руменило?
Некои ќе ве советуваат да ја следите бојата на очите и косата, други ќе ви кажат да се водите по темниот или светол тен... Но, ние ви ја олеснуваме работата.
Ова се 10 бои кои одговараат на секој тип на жена:
Очи
Црна
Универзална боја од која не треба да се плашите. Црните зачадени или мачкини очи никогаш нема да излезат од мода. Единствено правило - не претерувајте со црнилото.
Темно чоколадо
Користете потопли, бронзени тонови доколку сте бринета, а доколку сте русокоса задржете се до кафеаво-сивкастите тонови. Во секој случај, ризикот и шансите за промашување се минимални.
Темно сина
На прв поглед, никогаш не би одбрале темно сина сенка. Но, ако сакате впечатлив изглед слободно посегнете по оваа нијанса. Одлично ги истакнува сините очи доколку е во иста нијанса, но истото важи и за кафеавите.
Боја на слива
Уште една впечатлива боја која никогаш нема да ве направи да изгледате смешно. Посебно ако ја искомбинирате со изразени трепки, веѓи и усни.
Златна
После црната, ова е единствената сенка која ви треба да гламурозен изглед.
Усни
Боја на кожа
„Голите усни“ секоја сезона достигнуваат вртоглава популарност. Добро дефинирани, сјајни или матирани, усните со боја на кожа прилегаат на секој тип на жена и со секаков тип на шминка.
Светло розова
Идеална за оние кои не се фанови на темни бои. Универзална боја за сите жени кои негуваат природен изглед.
Циклама
Богата и впечатлива, циклама бојата нанесена на усните може драстично да ви го промени изгледот. Дури и ако се работи за минимална шминка, со нанесување на овој кармин ќе создадете гламурозен изглед.
Корална
Уште една боја која не пребира. Руса или кафеава коса, сини или кафеави очи - неважно.
Руменило
Корално
Тука работите се едноставни - каков и да ви е тенот, откако ќе го „измазните“ со пудрата, нанесете малку корално руменило. Тоа додава свежина и топлина.
М. Д. | Црнобело