Французинките никогаш не ја мачат косата со овие 7 ритуали
Сте се запрашале ли некогаш зошто Французинките имаат убави природни коси, без многу труд и напор? Можеби затоа што не обрнуваат премногу внимание, а можеби и затоа што не ја малтретираат својата коса со сите вообичаени препарати и ритуали како што ние го правиме тоа.
Ова се 7-те ритуали кои ти ги одбегнуваат колку што е можно повеќе, а резултатот е природна, неоштетена и сјајна коса:
Никогаш не ја фарбаат својата коса
Одбегнувајте да ја фарбате косата, а дури и да се одлучите на овој чекор, тоа нека биде нијанса најблиску до вашата природна боја на косата или за да ги покриете белите влакна. Ова правило го следат голем дел од Французинките и секогаш ѝ даваат предност на природната боја на косата.
Не употребуваат фен за коса
Избегнувајте го фенот за коса колку што е можно повеќе. Всушност, најдобро е да го фрлите уште веднаш. Искористете го свежиот топол ветер во лето и крпа за сушење на косата во зима.
Не е препорачливо миење на косата секој ден
Колку повеќе ја миете, толку повеќе се мрси. Французинките особено ја обожаваат косата вториот ден по миењето, бидејќи таа полека натежнува надолу и го има потребниот волумен за собирање во лежерна пунџа.
Ретко ставаат украси и додатоци во косата
Едноставно, украсувањето на косата нема поента. Косата е сама по себе доволен украс. Заборавете на украсните шноли, венчиња и останатите декорации за коса, особено ако имате над 18 години.
Не излегуваат од дома со мокра коса
Можеби сушењето без фен трае малку побавно, но Французинките ретко излегуваат на улица со мокра коса. Најдобро е косата да си ја средите навечер, наместо да се тркате со времето во утринската мешаница.
Дури и заспивањето со полумокра коса ветува дека ќе ѝ даде поинтересна форма и волумен на вашата фризура.
Не забораваат да нанесат парфем
Доволна е само една капка од омилениот парфем врз вашата коса и веќе го имате својот заштитен знак. А косата која мириса неодоливо, секогаш привлекува толпа обожаватели.
Никогаш не се жалат на топлото време
Никогаш нема да ги слушнете Французинките како го проколнуваат топлото време или се жалат на потењето на косата. Наместо тоа, вие велат: Благословено нека е тоа магично време во лето, кога косата со малку солена вода и сонце станува просто совршена: сосема малку груба, малку светла и по малку солена.
(О)Милена | Црнобело