Жена која изгубила 73 килограми покажува како изгледа голото тело по слабеењето
На екстремното губење на килограмите најчесто се гледа како на неверојатно патешествие кое носи среќа и воодушевување од другите, но фотосесијата која ја направила Јулија Козенски раскажува една сосема поинаква приказна.
Кога имала 25 години таа тежела 153 килограми и Индекс на телесна маса еднаков на 49.9. Тоа значи дека речиси половина од нејзиното тело, биле само масти. Во 2009-та година таа конечно се одлучила да го промени својот изглед и изгубила неверојатни 73 килограми.
Многумина би се воодушевиле на нејзината издржливост, но приказната која стои зад губењето на килограмите не е така позитивна. Има своја мрачна страна на емоционални бури и промени на телото кои се далеку од посакувани: стрии, белези, вишок кожа...
Токму тој аспект на слабеењето Јулија решила да го прикаже во серија фотографии каде таа е целосно гола и сè може јасно да се види.