3 работи кои вашиот фризер сака да ги знаете пред да се фарбате
Било сами да се фарбате или на фризер, постојат некои факти кои се неизбежни и вие мора да ги знаете.
Вашиот фризер ова сака да го знаете:
1. Заштитете ја фарбаната коса пред пливање
За да ја зачувате бојата, да трае што е можно подолго, фатете ја косата пред да влезете во базен или море.
2. Пробајте ја бојата која ја сакате на врвовите од косата
Мора да сфатите дека една боја стои различно на различни тенови. Затоа подобро пред да избрзате со одлуката испробајте ја новата боја на врвовите.
3. Не експериментирајте сами со новите трендови
Често ваквите обиди завршуваат катастрофално. Понекогаш во прашање се комплицирани техники кои можеби ќе можете да ги направите, но многу е веројатно да ви недостасуваат алатки кои вашиот фризер сигурно ги има и знае како да ги користи.
Затоа сепак консултирајте се професионален човек – фризер.