Кој тип на женско лице е најпривлечно за мажите?
Кои се одликите на женското лице кои мажите ги сметаат за најпривлечни? Уста, нос, очи или нешто друго?
Токму тоа го испитуваа мадридските научници и дошле до интересен заклучок.
Автономниот универзитет во Мадрид спровел интересно истражување на тема – привлечност. Биле анализирани женските црти на лицето кои мажите ги сметале за најпривлечни.
Машките испитаници оценувале 266 фотографии со жени. Фотографиите биле црно бели за да се избегне влијанието на бојата и жените на сликите не биле насмеани.
Сфатиле дека на мажите најважна им е симетријата.
Асиметричните лица не им биле привлечни.
Меѓутоа има уште еден резултат кои се покажал како доста интересен. Мажите како најпривлечни ги оцениле оние лица кои биле категоризирани како „просечни“.
Научниците за тоа даваат објаснување дека тоа е резултат на нивното потсвесно поврзување на просечните црти на лицето и генетските предиспозиции.