Топ 3 есенски трендови во шминкањето и како да ги постигнете
Со самото зачекорување во првите есенски денови, ќе се променат многу модни трендови, но и трендови во светот на негувањето и шминкањето.
Судејќи по врвните мејкап артисти, во есенските изданија ќе доминираат стробингот, печењето на лицето и нејасно нанесените кармини.
Како да ги постигнете сами?
Стробинг
Потребно е да ги нагласите јаболкниците, носот и очните агли под веѓите со бела, седефаста сенка. Секако, во овој случај го избегнувате руменилото.
Печење на лицето
Потребен ви е коректор со голема моќ на покривање, а потоа во пределот под очите треба да нанесете голема количина пудра во прав која е неколку нијанси посветла од кожата.
Нејасно нанесени кармини
Усните без остри линии и во темни бои дефинитивно ќе издоминираат следната сезона. Клучниот трик е тапкањето на усните со марамче или сунѓер за шминкање додека рабовите не се избришат, а карминот не остане најконцентриран во центарот на усните.