Не е црната: Која боја на маскара одговара на сечии очи?
Голема е веројатноста дека посакувате вашиот поглед да го направите што е можно повеќе неодолив и мистериозен, но за тоа не ви е потребно да бидете експерт за шминкање.
Потребна ви е вистинската маскара и ако мислите дека станува збор за менување на брендот или видот на маскара која ја користите, се лажете. Потребна ви е вистинската боја на маскара.
Според професионалните шминкери, не станува збор за црната маскара, туку сината.
Со неа не само што ќе ги нагласите вашите трепки, туку и ќе добиете нов летен изглед. Вашите очи ќе изгледаат како да се покрупни и ќе добиете бистар и свеж поглед.
Еве како да ја нанесувате според бојата на очите:
1. Зелени очи
Вашите очи ќе изгледаат одлично ако ја комбинирате оваа боја на маскара со сенка за очи во праска боја.
2. Кафени очи
Можете да ги носите сите комбинации на сина боја за маскара и нагласете ги вашите усни со кармин во месо боја или светло розови нијанси.
3. Плави очи
Со овој тип на маскара ќе добиете на длабочина. Внимавајте само да не употребувате истовремено и сенка за очи и маскара во сини нијанси.