Очи во различни бои, ретка уметност

Окото, огледалото на душата, секогаш интригирачко, како порта кон друг таен свет, понекогаш споредено и со планетите во нашиот универзум, она поради кое се заљубуваме, тоа што ги дефинира луѓето, а со својата боја ги прави посебни.  Но што кога очите имаат не една, туку две различни бои? Иако со контактни леќи звучи изводливо, оваа реткост во медицината навистина постои.

oci-vo-razlicni-boi-retka-umetnost-01.jpg

Појава во анатомијата позната како хетерохромија иридиум значи разлика во обоеноста на очите, односно очите да имаат две различни бои.

Својствена за сите живи суштества, како за луѓето, така и за животните, оваа ретка појава претставува вистинска уметност, која посебното го прави уште попосебно. Специфичност доживувана како дијамант, ценета реткост.

oci-vo-razlicni-boi-retka-umetnost-03.jpg

Иако во одредени случаи се јавува во подоцнежниот живот како резултат на повреда или болест, сепак овој медицински феномен кај повеќето од оние што го поседуваат е генетски и е безопасна појава, а за љубителите на необичното, ова е извонредно ремек-дело.

Најчесто со појавување во сина и зелена комбинација, како земјата и небото споени, навистина оваа реткост знае да го привлече вниманието, а оние што ја ценат естетиката ќе се согласат дека ова е врвна уметност која на природната убавина му дава сосема ново значење.

Оваа појава не ги одминала и славните личности, кои за играњето на некои суперхерои, оваа нивна вродена специфичност одлично им се вклопила во бараните улоги.

oci-vo-razlicni-boi-retka-umetnost-02.jpg

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Шампањ руса и уште 5 бои на коса кои ќе доминираат во есен 2024 Од впечатливо црвена до прамени во боја на мед - 6 нијанси ќе бидат популарни ка...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg