52-годишна жена изгледа како да е во раните 30-ти: Која е нејзината тајна?
52-годишната Памела Јакобс има 21-годишен син за кој слободно може да се каже дека се брат и сестра, а не мајка и син. Памела воопшто не личи како да е во своите 50-ти, туку како да е во своите рани 30-ти.
Во што е нејзината тајна?
Јакобс вели дека и на нејзината мајка годините воопшто не се познаваат благодарение на гените, добрата и здрава исхрана и кокосовото масло.
Меѓу другото таа еднаш неделно посетува сауна, прави постојан пилинг на лицето и никогаш не излегува од дома без крема за сончање.
Чест проблем кој произлегува од нејзиниот изглед е тоа што и се додворуваат помлади мажи и некои луѓе ја сметаат за девојка на нејзиниот син.
„Ми се случи еднаш да ме помешаат за девојка на мојот син“ – објаснува, Јакобс .
Сличен „инцидент“ и се случил кога медицинската сестра одбивала да и поверува дека има 50 години се додека не ги проверила нејзините документи.
И покрај тоа што изгледа доста младо, таа вели дека знаците на староста се појавуваат. Така, таа се чувствува повеќе уморно од претходно.
Сепак, продолжува со своите здрави навики. Она што е генерално карактеристично за нејзината исхрана е тоа што таа јаде големи количини на зелен зеленчук, избегнува тестенини, леб и овошје. Последното пред се заради големите количини на шеќер.
„Го следам правилото 80/20. 80% само здрава исхрана и 20% лоши навики како: малку алкохол, темно чоколадо и пудинг“ – додава Јакобс.
Други препораки кои можете да ги искористите од неа е дека таа избегнува употреба на хемикалии и храната ја посолува со хималајска сол.
А како за крај, најважната работа според неа е насмевката.
Како изгледа нејзината диета?
Таа јаде Азиска храна која е богата со зачини како куркума, ѓумбир у ким. Оброците се состојат од големи количини на зеленчук и здрави протеини од риба.
За појадок таа најчесто јаде варено јајце со тост без глутен, органски колачиња од овесни снегулки и кокосов јогурт.
Оброкот го завршува со чаша кокосова вода и течно железо како додаток во исхраната.
Ручекот е составен само од салата во која таа става: органски спанаќ, краставици, домати, црвени пиперки, авокадо, грав и кисела зелка. Свежиот босилек е најдобар зачин според неа, бидејќи го надополнува вкусот, но и биберот.
Вечерата е подеднакво здрава и сочинета од органско пилешко, риба или телешко месо со „планина“ од зеленчук.
Не пие повеќе од едно кафе на ден и постојано консумира јаткасти плодови и целер.
Што вежба?
Таа прави лесни фитнес вежби за одржување на кондицијата и јога.
По вежбите практикува употреба на сауна и прави пилинг на целото тело.
„Ќе поседам во сауната околу 10-тина минути, а веднаш потоа се туширам со ладна вода“ – објаснува Јакобс.
Што користи на својата кожа?
Таа употребува козметички препарати исклучиво од органска природа и никогаш не излегува дома без крема за сончање. Меѓу другото, своето тело го мачка со кокосово масло два пати дневно.