Опасен тренд кој се прошири по социјалните мрежи: Тетоважи од сонце
Ако порано истовремено се плашевте, нервиравте и гадевте од ужасните бели линии кои ви се познаваат веднаш по сончањето, денес можеби звучи чудно и неверојатно, но луѓето се одлучиле намерно да ги претворат во уметност.
Корисниците на Твитер објавуваат фотографии кои ги насликале со млеката и кремите за сончање на нивната кожа и потоа како истата изгледа откако меланинот издејствувал и добиле потемна боја благодарение на силното сонце.
Она што се добива е дизајн кој наликува на тетоважа и на социјалните мрежи се означува како #SunburnArt, но за жал самата активност воопшто не е уметничка и уште помалку здрава за кожата.
Ефектите од одлуката да се „истетовирате“ со сончеви зраци траат долго после сончањето и добиениот тен.
Можеби сте дел од оние луѓе кои не горат и кои лесно добиваат потемен тен, но митот дека истиот не и штети на вашата кожа е лажен. Штетните UV зрачења дури и на овој тип на луѓе им штетат и предизвикуваат стареење на кожата.
„Изгорениците се полоши од потемнувањето, но и воопшто секој пат кога ќе се изложите себеси на штетните ултравиолетови зрачења од сонцето дури и тогаш кога не горите, вие трајно ја оштетувате вашата кожа. Тоа е така затоа што UV зраците трајно ја менуваат ДНК на вашата кожа“ – објаснува, Др. Алстер.
Ако веќе сте одлучени да го испробате и вие најновиот тренд, тогаш најдобро е тоа да го направите на што е можно поздрав начин. Одлучете се за потемнување со спрејови за самопотемнување.
Уште една препорака која ја наведува Алстер е: „Заштитете се од сонцето преку исхраната. Јадете многу зелен зеленчук кој му помага на имунитетот во справување со инфламациите“.
Крајниот заклучок е секако добро да размислите пред воопшто да ја изложите вашата кожа на силните сончеви зраци и секако да ги земете предвид сите заштитни мерки.