Скапите третмани за брчки заменете ги со домашен рецепт од 100 денари
Препаратите за отстранување на брчките се прилично скапи и често содржат многу хемикалии кои ќе ви нанесат повеќе штета, отколку корист.
Затоа, ако забележите траги од замор и брчки на вашето лице, ви предлагаме да направите природна и економична маска.
Добрата страна е што ефектите се моментални и се забележливи по првата употреба.
Состојки:
- 1 лажица густин
- 5 лажици вежо цеден сок од морков (подготвен во блендер)
- 1 лажица кисела павлака
Како да ја подготвите маската?
Во половина чаша ладна вода растопете го густинот, а потоа претурете во лонче и додајте во смесата 1dl жешка вода.
Ставете на рингла и варете додека не добиете густа смеса. Оладете ја, па додајте го свежо исцедениот сок и киселата павлака.
Добро промешајте и проверете ја топлината.
Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да отстои 30 минути.
Измијте со топла вода и нанесете хранлива крема.