Дали сте слушнале за обратно миење на косата и зошто е толку добро?
Претпоставуваме дека како и секоја останата жена, така и вие имате веќе утврдена рутина во миењето на коса. Прво ја мокрите, нанесувате шампон еднаш или два пати и на крај плакнете.
Но, дали сте слушнале дека постои обратно миење на косата?
Овој метод подразбира прво нанесување на маска или регенератор, па потоа шампон.
Зошто би го правеле ова?
Прво, овој редослед на нанесување на производите е идеален за жените со тенка коса од една причина - така ќе бидете сигурни дека по завршувањето на миењето темелно ќе го отстраните регенераторот.
Регенераторот треба да ја омекне косата, но често се случува да се задржи на косата и по плакнењето, па да ја замрси по само неколку часа. А, ако го нанесете на самиот почеток многу полесно ќе го измиете со шампонирањето.
Шампонот треба да го втриете само на корените, додека регенераторите и маските ги ставате исклучиво на врвовите. Пената која ќе се создаде на врвот ќе се слизне по влакното и тоа е сосема доволно за косата да остане чиста.
Оние кои го испробале обратното миење на косата тврдат дека по само неколку седмици забележале дека косата е посјајна и погуста, a немаат проблеми со електрицитетот и претераното мастење.
Звучи примамливо?