Како косата да ви биде хидрирана и негувана во текот на летото?
Косата, баш како и кожата, треба соодветно да ја заштитуваме посебно во топлите месеци кога сончевото зрачење е многу силно.
Големо внимание треба да обрнете на UV зрачењето и да користите производи кои содржат UV филтери. Зрачењето може да ја ослабе структурата на влакното и да го намали квалитетот на косата.
Како и кожата и целото тело, така и влакната содржат голем процент на вода и затоа никогаш не е на одмет да повториме дека неопходни ви се 6-8 чаши вода во текот на еден ден.
Покрај тоа, одвојте малку време и направете природна маска која ќе ја нахрани косата.
Може да посегнете по фантастичниот шеа путер кој содржи циметна киселина која му дава карактеристичен мирис и воедно штити од UV зраците.
Можете да го комбинирате и со кокосово масло кое и пружа длабока регенерација на косата.
Разликата ќе ја забележите по само неколку третмани. Косата ќе биде сјајна затоа што кокосовото масло ќе го поттикне нејзиниот раст, а шеа путерот ќе ја нахрани и заштити од сонце.