Нов тренд - маскара во боја: Која ви одговара најмногу?
Може да немате ставено сенка, руменило или туш на очите, но маскарата е задолжителна. Таа го дава вистинскиот изглед на очите и го прави погледот повпечатлив.
Обично е еден од завршните елементи на шминкањето која додава гламурозен финиш. Најчесто се користи црна маскара, постојат нијанси од темно кафена до драматично црна и остава најдобар ефект зависно од тоа што сакате да постигнете.
Популарниот драматичен изглед на густи црни трепки се вистински погодок, темно кафените се за секој ден, бидејќи природниот изглед е секогаш во мода, но сите видови црни маскари одговараат на секоја комбинација и сите бои на очи, поради контрастот кој го прави, но и нагласувањето на должината, дебелината и густината на трепките.
Во секој случај може да експериментирате и да ги пробате разните бои на маскара и така ќе бидете во чекор со летните трендови. Сепак, додека црната маскара им одговара на сите бои на очите, маскарата во боја е поограничена и треба да ја одберете онаа која одговара нa вашата боја на очи.
1. Сина – сите бои на очи
Сината маскара е универзално приспособлива на сите бои на очи. Доколку имате сини очи можеби не е најпрепорачлива бидејќи ќе изгледате еднолично. Нанесете ја сината маскара во што подебел слој за погледот да ви биде поизразен и подлабок.
2. Зелена маскара – кафени очи
Доколку имате кафени очи, секоја нијанса на зелена совршено ќе ви одговара. Вашиот поглед ќе изгледа поодморно, дури и тогаш кога не сте доволно наспани или кога сте имале напорен ден. На работа.
3. Кафена маскара – зелени очи
Кафената маскара совршено ќе ви го истакне погледот и ќе направи да блеска, ако имате зелени очи.
4. Виолетова маскара – темно кафени очи
Виолетовата маскара е уште една од маскарите кои совршено се согласуваат со кафените очи. Иако нијансата е специфична, сепак ви дава визуелно подраматичен изглед.
Напомени:
- Нанесете ја маскарата во подебел слој
- Водете сметка покрај интензивната боја на маскара, сенката да биде неутрална, мирна и невпечатлива.
- Користете руменило во побледи нијанси.
- Врвот на трепките намачкајте ги со црна маскара за уште поизразен изглед.
- Не ги заборавајте и долните трепки.