Како да ја изберете идеалната маскара?

Што се однесува до женската популација, трепките никогаш не се доволно долги, густи и црни. Поради овој факт, козметичката индустрија секоја сезона  на пазарот промовира десетици маскари кои лесно го пронаоѓаат својот пат до женските срца и нивните паричници.

kako-da-ja-izberete-idealnata-maskara-01.jpg

Најголемиот дел од жените ќе се согласат дека маскарата е најважниот дел од нивната шминка, таа со само еден потег прави окото да делува поголемо а погледот подлабок. Иако навидум сите маскари се исти, важно е да ја изберете вистинската за да го искористите нејзиниот потенцијал до максимум.

Се што треба да знаете за да ја изберете идеалната маската:

Црна или во боја?

Црната маската е најчестиот избор на сите жени зошто во исто време успешно го нагласува обликот на окото и ги истакнува трепките. Доколку се решите да експериментирате со маскара во боја, имајте предвид дека виолетовата боја им прилега на сите, маскарата во сина или зелена боја најдобро им стои на бринетите, додека кафеавата маскара е наменета за русокосите.

kako-da-ja-izberete-idealnata-maskara-02.jpg

Волумен, виктање или издолжување?

Најчесто самото име на маскарата кажува за што е наменета. Освен името, изгледот на четката ќе ви открие каков ефект ќе има маскарата врз вашите трепки - заоблената четка е наменета за виткање, густи „бушави“ четки вообичаено имаат волуменозните маскари, додека тенката четка со ретки влакненца се користи за издолжување.


Водоотпорна или не?

Како што кажува името, водоотпорната маскара има специфична формула која тешко се вади, па ќе ви биде потребно посебно средство за отстранување. Поради тоа што многу потешко се вади од обичната маскара, користете ја само во посебни прилики.

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Фризури и техники за фарбање со кои побрзо ќе си ја вратите природната боја на косата За да ја имате вашата, природна боја на коса, треба да ја чекате косата да порас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg