Подготвени за „афтер-ворк“: 4 брзи чекори со кои ќе ја освежите шминката
Можеби ви се чини како да немате доволно време за да се подготвите за совршената „афтер-ворк“ забава, но тоа не значи дека не треба да откажете и да не присуствувате на неа само затоа што не сакате да ви се забележи заморот.
Се што можете да направите е да си помогнете со неколку „алатки“ кои ги носите во чантата и бргу да го освежите вашиот изглед во 4 чекори.
1. Исчистете ја Т-зоната
По долгиот и напорен ден сосема нормално е да се насоберат масти на најчувствителните делови на лицето, носот и челото.
Во чантата носете секогаш со себе влажни марамчиња и пред да започнете со нанесување на шминката исчистете ги токму овие делови од пудрата која утрото сте ја нанеле.
2. Повторете ја сенката за очи
Сите сакаат секси и гламурозен изглед постигнат преку „зачадените“ очи, но не пожелно така да се оди и на работа.
За среќа часовите после работа кога сте со колегите можете да ги поминете во ваков изглед. Се што е потребно е да додадете кафеаво моливче за да создадете тенка линија на краевите на очите.
3. Контурирајте го лицето
Нема потреба одново да додавате пудра. Се што ви е потребно е брзо нанесување на BB крема под очите и на носот и истите благо истапкајте ги со памукче.
4. Нанесете драматичен кармин
Малку црвен кармин и можете да бидете сигурни дека сте подготвени за вечерта, особено ако не нанесувате кармин во текот на денот.