Шарената песочна коса е новиот омбре стил
Станува збор за нов уникатен начин на боење на косата кој е комбинација од омбрето и „виножито“ косата. Крајниот изглед е шаренило од бои кои се прелеваат една во друга.
Овој изглед е попознат како песочна коса и со добра причина. Личи по малку токму на оние шарени песоци кои служат за декорација на домовите.
Стилистот Ребека Тејлор го овој ултра заситен нов стил кој во основа претставува комбинација од силни бои измешани во омбре нијанси.
Можеби на прв поглед се чини дека буквално си поигрувате со вашата коса како да е песок, но крајниот ефект е неверојатен и интересен.
Изгледот е нешто поразличен од „виножито“ бојата на коса затоа што боите се прелеваат една во друга и креираат омбре ефект.
Погледнете го видето на Ребека и одлучете дали и вас ви се допаѓа овој нов стил на фарбање на косата.