Мал вечерен ритуал кој ќе ве разубави наутро
По напорниот ден на работа сигурно само посакувате да се фрлите во креветот и да заспиете. Но, ако успеете да се воздржите и да најдете сила за малку нега, ќе си направите многу добра услуга.
Не само што ќе бидете задоволни од тоа како ќе изгледате следното утро, туку одлично ќе се чувствувате и однатре.
Начините на кои се бориме со стресот се многубројни, но чашата вино со омилената серија не е најдобро решение.
- Подобро е да си направите топла купка која ќе ви помогне да се опуштите, а воедно и ќе ја хидрирате кожата. По тоа нанесете лосион или масло за тело.
-Исчистете ја шминката од лицето и сите нечистотии кои се задржуваат во порите. Во спротивно може да ви се создадат акни, митесери, но и брчки, бидејќи кожата не може да дише во текот на ноќта. Исто така, можни се и алергиски реакции.
- По миењето, задолжително ставете ноќна крема која ќе ви го освежи лицето, бидејќи сувата кожа изгледа поуморно.
- Откако ќе ги измиете забите испијте чаша вода со малку исцеден лимон. Организмот ќе биде хидриран во текот на ноќта, а лимонот ќе ви го направи тенот блескав.
-На крај, кога кожата ќе биде регенерирана, а вие ќе изгледате одморено, без отоци и подочници, ако си легнете порано и спиете цврсто до утрото.