Природна маска за лице со која ќе изгледате 10-тина години помладо
Доколку сакате малку да го освежите и подмладите вашето лице не ви е потребно многу време ниту пак пари. Се што ви е потребно е на дофат на вашата рака.
Одличната маска за затегнување на кожата, верувале или не, се наоѓа токму меѓу намирниците во вашиот дом.
Што ви е потребно?
- 1 половина банана
- 3 лажици овесни снегулки предходно оставени во јогурт
- 1 лажица мед
- 1 јајце
Направете каша од бананата и во неа промешајте ги медот, јајцето и снегулките.
Пред да започнете со нанесување на маската неопходно е добро да го исчистите лицето и потоа да започнете со нанесување на маската.
Оставете ја 15 до 20 минути на вашето лице добро да се исуши.
Потоа добро измијте го лицето прво со топла вода, а потоа ладна.
Бананите се богати со хранливи материи кои се многу корисни за кожата и меѓу другото се покажало дека се одлични борци против брчките на кожата на лицето.
Млечните киселини од јогуртот во комбинација со овесните снегулки овозможуваат добар пилинг на кожата, а медот ја дава потребната хидратација.
Оваа маска може да ја употребува секој. Одговара на секој тип на кожа и може да се користи секојдневно.
Имајте на ум дека ефектите ќе се забележат малку поспоро за разлика од ефектите на козметичките средства, но резултатите од оваа маска се покорисни за вашето лице бидејќи не го третирате со непотребни хемикалии туку на природен начин го затегнувате лицето.