Тест кој ќе ви открие дали подобро ви стои долга или кратка коса
Дали досега сте слушнале за фризерското правило од 5,7 сантиметри? Веројатно не, затоа и сте во постојана дилема дали да се ишишате или да ја пуштите косата.
Веќе нема потреба да се консултирате со пријателите и фризери, ниту да поминете часови гуглајќи ја омилената фризура. Доволно е да земете еден молив и линијар.
Моливот ставете го во линија со брадата, хоризонтално. Потоа линијарот ставете го под увото, исправен.
Погледнете на која цртка се допира моливот.
Ако оддалеченоста на брадата и увото е поголема од 5,7 сантиметри, подобро ви прилега долга коса.
Ако оддалеченоста помеѓу овие две точки на лицето е 5,7 сантиметри или помала, нема да згрешите ако се ишишате кратко.