7 Начини да го подготвите телото за бикини
Ако во текот на зимата качивте вишок килограми, тоа не е ништо ново. Но, со килограмите доаѓаат поголеми проблеми како што се сувата кожа и целулитот...
Време е да почнете да го подготвувате телото за бикини и да изгледате совршено на плажа со помош на овие 7 начини:
1. Водете дневник на исхрана
Ако конечно решивте да ги отстраните вишокот на килограми, тогаш почнете да водите дневник на исхрана, односно запишувајте колку и што јадете. Благодарение на дневникот со време ќе ги пронајдете и откриете грешките кои ги правите околу исхраната.
2. Смалете го внесувањето на кофеин и алкохол
Смалете го внесувањето на непотребниот број на калории со тоа што ќе намалите на кафе, алкохол и газирани пијалаци. Кафето е еден од најголемите виновници за појава на целулит, па добро би било доколку го замените со црн или зелен чај.
3. Кажете му збогум на преработениот шеќер
Внесувањето на намирниците богати со преработен шеќер и јаглени хидрати се директно поврзани со салото кое го имате на стомакот. Ако шеќерот кој оваа храна го содржи не се истроши преминува во целулит, затоа е добро да ставите крај на слатките, чипсот, белите тестенини и чоколадите.
4. Правилно тренирање
Не сте во право доколку мислите дека за да ја намалите тежината потребно е да трчате и возите велосипед. Кардио тренинзите мора да се комбинираат со вежби како чучнувања, вежби за раце со тегчиња, исчекори кон напред и истегнување на телото, бидејќи тие го забрзуваат метаболизмот.
5. Пилинг на телото
За сјајна и мека кожа потребно е да правите пилинг на телото 2 до 3 пати неделно пред туширање. Доволно е да користите четка од природни влакна и малку пченкарно брашно со кои ќе ја протриете кожата, особено во пределот на задникот и бутовите каде што се собира целулитот.
6. Омега 3 масни киселини
Омега 3 масните киселини се од огромно значење за здравјето на кожата, а преку храната најчесто не се внесува доволната количина. Дневната препорачана доза е 5ml високо квалитетно рибјо масло или 3.000mg рибјо масло во капсули. За неколку недели ќе забележите напредок во однос на текстурата на вашата кожа.
7. Лосион за тело со природни масла
Ако имате сува кожа тогаш најдобро е да користите лосиони кои се на база на билни масла како авокадо или босилек. Освен разни креми и лосиони, не заборавајте дека телото морате да го хидрирате и однатре така што ќе консумирате намирници кои се богати со здрави масти како авокадото, рибата, семките, бадемите, оревите и секако многу вода.