Маска од какао за сите типови на кожа: Кажете им збогум на дамките на лицето

Ако до сега уживавте во пиењето топло какао, отсега уште повеќе ќе уживате користејќи го како маска за лице.

maska-od-kakao-za-site-tipovi-na-koza-1

Какаото помага во обновувањето на оштетените клетки на кожата и дава свеж изглед, од друга страна пак, чоколадото (кое е дел од состојките на оваа маска) ја прави кожата помека и миризлива.

Потребни состојки за маската од какао:

  • Неколку зрна кафе
  • Црна чоколада во прав
  • 4 супени лажици какао
  • 4 супени лажици путер
  • ½ чаша млеко

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги зрната кафе додека добиете прав.

2. Од кафето во прав доволни ви се 4 до 5 супени лажици кои ќе ги ставите во подлабок сад.

3. Додајте ја црната чоколада во прав и добро промешајте.

4. За крај додајте ги 4-те супени лажици какао, путерот и млекото за смесата да биде во форма на крем, односно маска која ќе може да се нанесе на лицето. Мешајте додека не ја добиете потребната густина.

Маската држете ја половина час, а потоа измијте го лицето со млака вода. Доволно е да ја користите 2 до 3 пати неделно и за кратко време ќе забележите како темните дамки од лицето полека исчезнуваат.  

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg