3 Природни маски кои го спречуваат побелувањето на косата
Првите бели влакна можат да се јават уште во младоста, па и во 20-тите години. Најпрво тие се појавуваат на слепоочницата, а до крајот на 50-тите години во просек побелува 80% од косата.
Со годините косата станува сува, тенка, а влакната растат сѐ побавно и новата израстена коса често е без сјај и лесно кршлива.
Одберете една од овие 3 маски, вратете и го сјајот на косата и спречете го белеењето:
1. Масажа со масло
Масажата на главата со природни масла е добро средство со кое ќе се изборите против белите влакна. Различни масла можете да ги користите поединечно или во комбинација со други.
Најпопуларно е кокосовото масло, но ефикасни се и бадемовото, маслиновото или масло од рицинус. Пред да се бањате, масирајте ја главата со 2,3 капки со некое од маслата. Доволно е овој третман да го правите два пати неделно.
2. Маслиново масло и мед
Помешајте еднаква количина на маслиново масло и мед, а смесата нанесете ја до коренот на главата. Потоа ставете кеса или капа за туширање, а над неа топол пешкир и држете така половина час. Косата измијте ја на вообичаен начин.
Овој природен третман е ефикасен за превенција од настанување на бели влакна, но и ќе го спречи опаѓањето на косата.
3. Црн бибер
Добро промешајте 1g црн бибер, ½ чаша кисело млеко, ½ кафена лажичка лимонов сок и исто толку бадемово масло. Смесата нанесете ја на косата, држете половина час па добро измијте. Третманот повторувајте го два пати неделно.
Оваа маска се препорачува за жени и мажи со потемна боја на коса, бидејќи таа прави косата повеќе да затемни и на тој начин ја спречува појавата на бели влакна.