Како модринките на нозете да исчезнат за 24 часа?

Модринките се посебно незгодна појава на нозете, посебно во топлиот период кога најмногу од сè сакате да облечете кратки панталони или здолниште.

kako-modrinkite-na-nozete-da-isceznat-za-24-casa-001.jpg

Но, се удривте, а вашето тело е склоно кон модринки кои се создаваат за секунда.

Наместо со денови само да ги гледате како менуваат боја од зелени, до виолетови, штом се удрите пробајте ги овие совети:

- На болното место веднаш ставете обична студена облога. Менувајте ја облогата на секои 5 минути. Мразот не ја намалува болката, но го забавува протокот на крв низ крвните садови и го спречува создавањето хематоми.

- Откако ќе ја смирите модринката, препорачливо е да се намачкате со крема од невен.

- Листот од зелка е исто така одлична облога која ја смирува подуеноста. Замотајте го местото со газа, држете 2 часа, па потоа отстранете.

- На ист начин може да нанесете и магдонос, само претходно добро иситнете или исечкајте го.

- Можете да ставите и компир, сварен и изгмечен, да додадете во него малку мед и вода па да го ставите на повреденото место. Оставете го да постои 15 минути.

- Кромидот исто така е одличен против модрици, затоа што има антивоспалително дејство.

- Памукот натопен во оцет е одлична облога која ја подобрува циркулацијата, а на модринката може да нанесете и путер или масло од рицинус кое ќе направи виолетовата флека да исчезне.

Имате уште некој совет или трик?

Би можело да ве интересира:

Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
40 идеи за летен маникир на кратки нокти (фото) Некои девојки и жени не се љубители на долгите нокти, но тоа не значи дека не мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg