9 трикови кои ќе ви ја намалат болката при депилација
Мазната и негувана кожа е задолжителна кај секоја жена која сака да изгледа убаво. Но, не е секогаш едноставно да се одржува.
Постојат разни начини за депилација и отстранување на влакната, но како најпродуктивен се покажал стандардниот начин со восок.
Депилацијата со восок е најчесто користена поради ефикасноста и долготрајноста. Но, оваа техника може да биде многу болна, но не е неизбежна.
Постојат 9 начини на кои може да си помогнете и да си ја намалите болката при депилација.
1. Депилирајте помала површина на кожата
Ако ги депилирате нозете, почнете со подрачјето околу глуждовите, ако пак почнувате од рацете прво издепилирајте го делот над зглобот на шаката. Помалата површина ви ја олеснува работата и детално ги отстранува влакната, а болката е многу помала.
2. Таблета против болки
Околу половина час пред депилацијата испијте апче против болки. Тоа значајно ќе ви го подигне прагот на издржливост на болка и ќе ви помогне за полесно да ја пребродите депилацијата.
3. Ладни облоги на кожата
Коцки мраз замотајте во кеса, па во крпа. Крпата тријте ја на местото каде што треба да се депилирате додека не почувствувате дека кожата веќе не ви е толку чувствителна на студенилото. Мразот ќе делува како аналгетик бидејќи ќе се впие во кожата и ќе ви го зголеми прагот на издржливост.
4. Пилинг на кожата
Пред да почнете со депилација направете лесен пилинг на кожата. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе им овозможите на влакната полесно да излезат, а со тоа ќе си ја олесните работата и ќе си ја намалите болката за време на депилацијата.
5. Избегнувајте предолги влакна
Влакната на телото кои се подолги од 6-7 mm пред депилацијата би требало да ги скратите. Долгите влакна значително ќе ја зголемат болката за време на депилацијата, а постои опасност и од пукање на фоликулите поради што депилацијата ќе биде целосно неуспешна.
6. Кажете му „збогум“ на бричот
Ако сакате да се депилирате со восок, тогаш заборавете на бричот. Со бричењето влакната растат побрзо и поостри се, па депилацијата со восок може и да не ви биде толку успешна. Но, откако еднаш ќе се издепилирате, влакната ќе ви станат потенки и ќе ви се намали болката.
7. Користете ги двете раце
За постапката на депилација да биде поуспешна и помалку болна, користете ги двете раце. Откако ќе ја залепите лентата за депилација, со едната рака затегнете ја кожата и држете ја затегната, а со другата повлечете ја лентата.
8. Избегнувајте депилација за време на менструалниот период
Депилацијата не би требало да ја применувате ни 2 дена пред, ни 2 дена по месечниот циклус, бидејќи тогаш кожата е најнежна и најчувствителна.
9. По депилацијата
За да ја спречите иритацијата на кожата, 24 часа по депилацијата избегнувајте го изложувањето на сонце, тесна облека и ароматизирани лосиони или оние кои содржат алкохол.