Хипи тренд: Шарени конци во коса се новиот хит
Трендовите се враќаат од времето на 60-те и 70-те и популарниот хипи стил. Во комбинација со нешто современо и модерно, може да се добие најдобар резултат.
Трендот кој ќе биде летен хит е токму оној карактеристичен хипи фриз со мини таписерија во косата на еден поширок прамен.
Сè што ви е потребно е најпрво добра замисла, подебели конци во боја, поголема игла како за шиење вреќи и по можност мал обрач прицврстувач, како оние за везење.
Прво убаво исчешлајте го праменот на кој ќе сакате да ја навезете таписеријата, ставете малку лак за да не ви се разлетуваат влакната и истегнете го на обрачот. Доколку немате таков обрач, побарајте помош од другарката, сестрата.
Замислете дека косата ви е платно и слободно везете низ прамените, а тоа се прави со еден потег, како на видеото: