Кога се жените најубави?

Некои велат дека убавината на жената е како виното, колку што е постара таа, толку е поубава, но некои го тврдат спротивното.

koga-se-zenite-najubavi-001

Тоа нè тера да се запрашаме кога се навистина жените најубави?

Можеби младешката затегнатост на лицето сепак влијае врз физичкиот изглед и изгледа подобро отколку збрчкана кожа, но зарем тоа е сè што е потребно за една жена да се нарече убава?

Секако дека не.

Девојките на млади години имаат затегнато тело, затегната кожа и младешки мозок кој им кажува дека се најубави, иако тоа е далеку од вистината бидејќи од убавиот секогаш има поубав.

Додека, пак, на постара возраст истите тие девојки имаат помалку затегнато тело, видливи знаци на старост на лицето и развиен мозок кој им кажува дека секоја жена е убава на свој начин, а тие не се поубави од останатите.

Според тоа, одговорот на тоа кога се најубави жените се крие во годините, колку што е постара жената толку е поубава, но само доколку размислува правилно, тогаш таа убавина не е само надворешна туку и внатрешна која се забележува во сјајот на очите на една жена.

Кога ќе го забележите тој сјај на мудрост прикриен со убавина во која староста вмешала прсти знајте дека таа жена со тој сјај во очите се наоѓа во најубавиот период од својот живот.

Според вас, кога се жените најубави?

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg