Жена решила да не го мие лицето 31 ден и добила неочекувани резултати (фото)
Отстранувањето на шминката и миењето на лицето наутро и навечер се рутина која веројатно сите ја практикувате секојдневно. Но, една жена била љубопитна што ќе се случи ако 31 ден не го мие лицето.
Неколку дена по 30-от роденден, Ерика се убедила себеси дека тоа ќе биде одлична детоксикација за лицето.
Порано луѓето не користеле 10 различни препарати за чистење на лицето, ниту еден тон шминка, па повторно изгледале нормално.
Водена по таа логика, Ерика престанала да ги користи сите лосиони, тоници, пилинзи и да го мие лицето.
Само си дозволила да ја отстрани минималната шминка од очите со крема, ако воопшто ја нанесе за некоја посебна прилика.
Веќе во втората недела од предизвикот забележала дека кожата добива добар и здрав баланс, а Т-зоната веќе не била масна како претходно.
По третата недела појавата на акни и црвенило значително се намалила.
На крајот од предизвикот Ерика сфатила дека миењето, чистењето со тоник и пилинзите само го зголемувале црвенилото и ја сушеле кожата. Без нив лицето и изгледало многу подобро.
Затоа решила да ја негува кожата баш како што тоа го правеле нејзините прабаби - речиси никако.
Вака се менувала кожата на Ерика низ 1-месечниот предизвик: