Како да ја нанесете пудрата за да не ви се познаваат порите?
Природно совршениот, блескав и изедначен тен на кожата постои само на рекламите. Со оглед на тоа што современото време се труди да го доведе човечкото тело до совршенство, постојат многу препарати кои служат за да ги замаскираат недостатоците и да направат да изгледа идеално.
Проширените пори и чувствителната Т зона се сосема нормални и природни кај повеќето луѓе, но тоа мора да се направи со соодветна пудра и со апликатор.
Постои одличен трик со кој кожата ќе изгледа затегнато, помладо и почисто:
1. Подгответе ја кожата за нанесување на пудрата.
2. Потребна ви е четка за нанесување на пудрата која има полн облик, да е мека, доколку користите погруба четка, таа може да ја оштети сувата и дехидрирана кожа.
3. Со мали кружни движења на четката втријте ја пудрата во порите. Ако го шминкате лицето со линеарни движења, пудрата ќе се собере околу самите пори и така ќе дојдат до израз, наместо да исчезнат.
4. По нанесувањето на течна пудра, тенот може да биде совршен, доколку нанесете и пудра во прав со сунѓерче, но со нежен притисок и тапкање. Никако со повлекување на апликаторот по лицето.
Погледнете ја целата постапка во видеото: