Неколку трикови за правилно нанесување на карминот кои секоја жена треба да ги знае
Карминот за усни можеби e омилениот дел од шминкањето кој може целосно да го промени крајниот изглед.
Но, усните доаѓаат до израз само кој тој ќе се нанесе правилно.
За да не згрешите веќе никогаш во животот, усвојте ги овие неколку правила и трикови.
1. Направете пилинг за усни користејќи чисто стапче од маскара. Пред тоа нанесете пилинг за усни и истријте.
2. Спречете го карминот да се залепи на вашите заби така што ќе го ставите показалецот во уста и ќе повлечете. Ќе забележите дека вишокот кармин ќе остане на прстот, наместо на вашите заби.
3. Употребете го омилениот кармин како руменило. Само внимавајте рамномерно да го распоредите по јаболкниците.
4. Искористете ја изронетата сенка како кармин. Помешајте ја со безбоен балсам за усни и имате нова нијанса.
5. Употребувајте четка за коректор за прецизно да го нанесете карминот.
6. Или со подебела четка за сенка за очи нанесете го карминот. Така ќе добиете подраматичен ефект, а покрај тоа карминот ќе стои со часови.
7. Ако природната боја на усните ви е премногу црвена, нанесете коректор пред карминот. Со ова ќе ја добиете вистинската нијанса на карминот, а во спротивно таа може да се промени во зависност од кожата на усните.
8. Усните може визуелно да ги зголемите така што ќе ги прекриете со коректор, па потоа ќе ги исцртате со моливче малку над природната граница. Дури тогаш нанесете кармин и сјај.
9. Кога одбирате црвен кармин, одбирајте го според тенот. Ако имате бледа кожа, одбирајте црвено-сини тонови, ако имате средно светла кожа одбирајте портокалови тонови, а ако имате темен тен, одбирајте темно црвени нијанси од палетата на вино бои.
10. Кога карминот ќе ви се скрши, дното стопете го со запалка и повторно залепете го.
11. Направете ги усните визуелно поголеми така што на средината ќе нанесете светла сенка или бело моливче.