Трик од 10 секунди со кој ќе го подмладите лицето
Аманда Бел е млада девојка која знае да ја искористи моќта на шминката. Нејзиниот генијален трик од само 10 секунди може да ви помогне да го затегнете и подмладите целото лице, а за него ви е потребен само еден светол коректор и бело моливче.
Тајната е во правилното контурирање кое сега може да го изведете дома, пред вашето огледало, без некои скапи козметички производи.
1 чекор: Искористете го светлиот коректор за да ги исцртате образите, носот и челото како на видеото.
2 чекор: Помеѓу секоја линија од коректорот нанесете по една со белото моливче.
3 чекор: Размачкајте со прсти или четка за пудра.
4 чекор: Може да додадете руменило на јаболкниците.