Каква личност сте според бојата на карминот кој го одбирате?
Каков кармин ставате? Дали ги следите трендовите или секогаш одбирате иста нијанса која е веќе ваш заштитен знак? Бојата на карминот кажува многу за вашиот стил, карактерот и расположението. Не е сеедно дали сакате повеќе нежни и природни тонови или впечатливи, силни, темни.
Според омилената боја на карминот откријте каква личност сте:
Црвена
Оваа боја е избор на вистински дами, енергични и сензуални кои пленат со самодовербата која ја имаат.
Розова
Романтична нијанса која отсликува суптилна женственост, младолик изглед и дух, карактеристичен за романтичните личности.
Виолетова или бордо
Овие силни бои ги избираат амбициозните дами, насочени кон остварување на своите зацртани цели, кои имаат силна потреба да бидат ценети и сакани.
Природни тонови
Сакате предизвици и не се плашите од ризици, многу сте женствени, малку таинствени и лесно заведувате и без шминка.
Мат или сјајни бои
Матираните нијанси се знак за силна волја, а сјајните бои ги сакаат опуштените и ведри личности.