Нашминкајте се како Џенифер Лопез
Нема некој што не би сакал и на 45 години да изгледа како латино диватата Џенифер Лопез. Таа не само што има згодно тело, туку и негувано лице, речиси без брчки, секогаш убаво нашминкана и со правилно истакнати линии на убаво исцртани очи и нијансирани бои.
Нејзината тајна е во добрата комбинација на светли, темни и светкави сенки за да им даде погламурозен изглед на очите.
Со ваквата техника таа секогаш има секси заводлив поглед, а најчесто ги користи природните, земјени тонови во бакарни нијанси.
За да го постигнете нејзиниот ефект важни се неколку правила:
1. На капаците ставете подлога за сенка.
2. Неутрална сенка која помага да се ублажи преминот од потемните кон посветлите нијанси.
3. Светла, металик боја која се става на средина на капакот за окото да изгледа визуелно поголемо.
4. Во аглите на очите ставете бела, сребрена или златна сенка.
5. На линијата од каде почнуваат трепките повлечете линија со тушот за очи за да ги исцртате и да добиете префинет изглед.
Погледнете ја целата постапка во овој туторијал: