Ситни трикови за да го избришете заморот од лицето
За да го избришете заморот или непреспиената ноќ од лицето потребни ви се само овие 3 совети и трикови.
Еве како да се освежите за помалку од 10 минути, дури и кога сте во брзање:
1. Коректор
Темните кругови околу очите најлесно ќе ги покриете со коректор. Под самото око ставете тенка линија и оставете кожата да го впие коректорот и да се засуши. Потоа нанесете втор слој, па со голема четка за пудра тапкајте го делот околу очите за да го изедначите тенот со останатиот дел од лицето.
2. Руменило
Со вистинското руменило ќе изгледате посвежо и поблескаво за само 1 минута. Одлучете се за светло розови нијанси кои ќе ви дадат природен изглед, а строго забранети се бакарните тонови.
3. Светла сенка
Белата, светкава сенка никогаш не е вишок. Нанесете ја на внатрешните агли на очите, а одбивањето на светлината ќе си го направи своето. Истото може да го направите и со светла сенка во крем нијанса.