Најдобрите женски парфеми за оваа зима
Во зима потребно е малку да ги зајакнете мирисните ноти кои студените денови ќе ги направат попријатни и потопли.
Токму затоа, ако немате идеја со каков парфем да се подновите, а потребна ви е промена и освежување, пробајте еден од овие предлози:
Gucci Premiere
Ако сакате сите да се прашуваат која сте штом влезете во просторијата, тогаш овие мирисни ноти се создадени за вас.
Diesel Loverdose
Парфем кој го привлекува спротивниот пол со опојната мешавината на ванила и сладунец.
Versace Vanitas
За сите жени кои од дома не излегуваат без гламурозен изглед. Неговите ноти од црн чај и кедар се уживање за сите сетила.
Hugo Boss Nuit Pour Femme
Одличен аксесоар на секој мал црн фустан. Идеален е за свечени вечерни прилики од кои не сакате да си заминете сами.
Lancôme La Vie Est Belle
„Комплициран“ парфем кој се состои од вкупно 64 мирисни ноти, па ако сте жена која постојано сака нешто ново и различно - ова е идеалниот избор кој никогаш нема да ви досади.