10 грешки кои ви додаваат години: Изгледате постаро, а не сте ни свесни

Ниту една жена намерно не би носела некои работи во кои ќе изгледа подебело или постаро отколку што навистина е.

10-greski-koi-vi-dodavaat-godini-izgledate-postaro-a-ne-ste-ni-svesni-01.jpg

За жал, ќе се изненадите колку несвесни грешки и пропусти може да ви донесат 5 до 10 години плус.

1. Додека некои материјали шират младешки вибрации, како на пример тексасот, твидот е од оние материјали кои ви додаваат голема доза сериозност. Ако сакате да го негувате елегантниот изглед, а да не изгледате повозрасно, подобро одберете материјал со пруги или одела со машки крој.

2. Ниту една жена со спуштени очила до носот нема да изгледа помладо. И уште ако има врвка за која се држат, тогаш дефинитивно ќе потсетувате на вашата баба. Секако дека очилата стануваат потреба, а не моден детаљ, но секогаш можете да одберете модел со интересен облик и необична боја на рамките.

3. Иако многу жени ги сакаат сивкастите нијанси или потполно побелената коса, мора да знаат дека таа фризура ги прави двојно постари. Во средните години може да изгледате многу помладо ако се одлучите за природни нијанси на фарба за коса која ќе одговара на вашиот тен.

4. Широките џемпери може да бидат идеално парче облека кое ги покрива сите несовршености, но истовремено ќе ја „проголта“ вашата силуета и ќе изгледате како момче. Секогаш подобра варијанта е наметката со некој интересен детаљ. И никогаш не ја затегајте и врзувајте, тоа само ќе ги нагласи вашите широки колкови.

5. Обувките мора да бидат удобни, посебно оние за секој ден. Не секогаш мора да имаат дебел ѓон, доволно е да се чувствувате лесно додека одите. Природниот изглед е клучен за визуелното подмладување.

10-greski-koi-vi-dodavaat-godini-izgledate-postaro-a-ne-ste-ni-svesni-02.jpeg

6. Кога се работи за фармерки, водете сметка и одбирајте ги оние кои и одговараат на вашата фигура. Во нив не би требало да изгледате како момче, ниту претерано да ве стегаат.

7. Една работа која инстантно ќе ве направи постари се „испраните“ и бледи бои на облека. Силните нијанси на црвена или сина ќе ја направи вашата коса посјајна, а вие ќе изгледате помладо.

8. Ако сè уште ја носите истата чанта од пред 15 години, време е да ја промените. Никогаш нема да погрешите со класичните модели со строги линии кои ќе ви дадат доза на младешка елеганција.

9. Премногу или премалку шминка е уште една работа која ќе ве направи постари. Силното руменило или карминот може да имаат подеднакво лош ефект како и ако сте излегле без грам шминка.

10. Доколенките, патиките и капри панталоните се вистински избор само ако сакате да изгледате како повозрасна тетка.

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg