Домашен третман: Како најбрзо да ги отстраните митесерите од носот?
Со митесерите се соочува скоро секоја жена во некој период од нејзиниот живот, а мора да признаеме дека истите не се ни малку привлечна појава.
Митесерите најчесто го зафаќаат пределот од носот, брадата и челото. Но, на носот се најмногу концентрирани и ретко која пудра ќе умее 100% да ги прикрие.
Но, секогаш најпаметно е да ги отстраните, наместо да ги сокривате.
1. Најпрво, на лицето треба да направите пилинг, а најмногу внимание да обрнете на носот. Со пилингот тријте го лицето околу 10 минути.
2. Откога ќе завршите со пилингот, следно е потребно да го држите лицето во пареа. Во едно тенџерче ставете вода и неколку кесички чај по избор. Зелениот чај посебно се препорачува затоа што е силен антиоксиданс. Откога ќе зоврие водата потребно е да го држите лицето над пареата од тенџерчето, а над главата ставете пешкир за подобар ефект. Потребно е лицето да го парите 10 минути.
3. Потоа направете паста од 4 лажички сода бикарбона и 1 чаша минерална вода. Добиената паста ставете ја на лице и држете ја 10 минути, а потоа измијте со топла вода.
4. За крај, по домашниот третман нанесете хранлива крема која ќе му ја врати влажноста на целото лице.
Резултатите се видливи веднаш.